Во периодот од 09.10.2009 до 22.10.2009 година, Државниот инспекторат за транспорт при Министерството за транспорт и врски при контрола на меѓуопштинскиот линиски превоз, затекнал 29 возила  без соодветна дозвола за вршење превоз или нерегистриран возен ред, 8 возила не поседувале договор за превоз со список на патници, а констатирани биле и 74 прекршувања на законските одредби во превозот на стока и патници во внатрешниот и меѓународниот сообраќај.

Донесени се 73 решенија кои се во управна постапка, поднесени се 45 барања за поведување прекршочна постапка до надлежните судови, а од сообраќај се исклучени 5 возила кои извршувале недозволен меѓуопштински линиски превоз на патници, информираат од Министерството за транспорт.

При овие инспекциски контроли, констатирано е неплаќање на надоместокот за користење на автопат кај вкупно 64 возила. На прекршителите им е изречена глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност во согласност со Законот за јавни патишта, која треба да се плати во рок од 8 денови, а во спротивно се поднесува барање за поведување на прекршочна постапка.

Ohridnews