Кинеската фабрика која ги произведувала маскотите за Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи во Јужноафриканската Република морала да го стопира нивното производство. Инспекцијата открила дека работниците работат во нездраво опкружување и дека малолетни деца работат смени долги по тринаесет часа.


Се додека условите значително не се поправат, на фабриката и е забрането да ги произведува маскотите кои за ова светско првенство се во форма на леопарди. Светското првенство треба да се одржи ова лето, а инспекцијата која го запрела производството била од меѓународната фудбалска федерација.