Дали Македонија е подготвена да биде домаќин на женското сениорско ракометно ЕП, ќе каже делегацијата на ЕХФ, чии претставници денеска и утре ќе бидат во инспекција на салите во Скопје и Охрид.
Ова ЕП е прво што ќе се игра во две сали, поради што ќе трае и два дена подолго од вообичаеното, од 2 до 14 декември.
ЕХФ забележуваше околу делот за новинарите, микс-зоната, опремувањето и вршењето на ТВ-пренос, како и на подобрување на целокупната инфраструктура. Салата во Скопје е готова, иако се’ уште не е пуштена во функција. Изминатава недела интензивно се работи и на Билјанини Извори.
Договорот меѓу ЕХФ и РФМ беше потпишан уште лани во август, за време на младинското СП, чии домаќини бевме. Тогаш РФМ ги презеде сите одговорности за организирање на првенството.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com