-Ќе се проверува дали концесионерите на плажите ги почитуваат пропишаните безбедносни мерки за капалиштата, односно дали истите се обележани и имаат спасители на вода, изјави Љупчо Настоски, раководител на Капетанијата.
Настоски истакна дека на плажите им бил оставен рок од неколку дена да ги отстранат недостатоците и дека тие повеќе нема да бидат толерирани.
-Капалиштата кои нема да ги почитуваат безбедносните услови, за што Капетанијата единствено има надлежност, ќе бидат затворени, односно ќе им биде изречена забрана за вршење дејност, најавува Настоски.
Според информациите на Црвениот крст, над 80 проценти од плажите во Охрид ги задоволуваат безбедносните стандарди, додека мал дел се уште немаат ангажирано спасители на вода.