Таа посочува дека е срамно доколку се повтори минататa година кога голем број дуќани и слични објекти беа затворени од надлежните државни инспекции – најчесто заради неплатени обврски или други ситни прекршоци. За да не дојде до тоа општината ги советува сопственици на трговски и слични објекти, кафетерии и ресторани, благовремено да ги измират обврските кон државата или благовремено изнајдат соодветни решенија.
Во Охрид, за претстојните Новогодишни празници се очекуваат над 10 илјади гости и нормално е дека тоа е период за извесна заработка, а не објектите да стојат затворени, велат од локалната самоуправа. Според неа Охрид за Нова година треба да се презентира во најубаво светло , а не да биде туристички центар и најубаво уреден град – со затворени дуќани. „Таква антиреклама не смееме да си дозволиме како домаќини и како град кој сака да го развива туризмот и да живее од него и трговијата“, велат од општината.
Локалната самоуправа апелира и до надлежните инспекциски органи кои се под државна капа, да не „тренираат“ строгост за време на претстојните празници.