Агенцијата за храна и ветеринарство спроведува засилени контроли во туристичките центри пред почетокот на туристичката сезона. Од почетокот на овој месец вонредни, засилени контроли во туристичките места, инспекторите за храна и официјалните ветеринари спроведоа во охридско- струшкиот регион и во Дојран.
Со цел спречување на евентуални труења и инфекции кои лесно можат да се случат како последица на високите температури, со вонредните контроли беа опфатени хотели, ресторани, пицерии, слаткарници, бурекчилници, пекарници, сендвичарници, ќебапчилници, кафе барови, маркетите, летни тераси и други објекти, кад се очекува зголемена фреквенција на туристи.
Со вонредните контроли во охридско-струшкиот регион опфатени се 101 угостителски објект, а за констатираните недоследности издадени се 34 решенија за нивно отстранување, две решенија за забрана на вршење на дејност, наплатена е глоба во висина од 4.000 евра во денарска противвредност и издадени се осум покани за едукација.
Исто така, од страна на инспекциските служби на Агенцијата, уништени се и 229 килограми небезбедна храна од животинско потекло.
OhridNews