Во првите денови од примената на новиот Закон за заштита од пушењето Државниот инспекторат не изрекол ниту една казна.

Ниту едно кафуле, фирма или ноќен клуб не го прекршил новиот Закон кој стапи на сила на 1 јануари 2010 година, информираат од Инспекторатот.

Иако засега минуваат без казни, угостителите се жалат дека веќе се чувствува намалување на прометот, а доколку продолжи ваквиот негативен тренд, според нив, неминовно ќе доведе до отпуштање на дел од вработените. Во меѓувреме стигна и најава дека Законот за заштита  од пушењето ќе биде оспорен и пред Уставниот суд.

За непочитување на Законот, пушачите ќе платат казна од 150 до 300 евра, додека правните лица од 2.500 до 4.500 евра.

Ohridnews