Новина е и тоа што извештаите за утврдените неправилности кај физичките и правните лица инспекторите сега се должни да ги објавуваат јавно секои 4 месеци на веб страницата на Инспекторатот.
На седницата беше укажано дека во Македонија годишно се пушат околу 11.000 тони цигари што е 5,5 килограми цигари по поединец. Над 40 отсто од популацијата пуши, од тоа 20 проценти се средношколци, а старосната граница на пушачи е спуштена под 14 години.