Настанот го отвори министерот за животна средина и просторно планирање Д-р Неџати Јакупи.
Програмата за размена, се фокусира на државите кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ, со цел да се зголемат капацитетите преку размена на искуство и најдобрите практики од IMPEL мрежата проектните искуства, IPPC, SEVESO II, директивите за депонирање на отпад, големи согорувачки капацитети-LCP, како и развојот на Европскиот Регистар на загадувачи и пренос на загадувачки материи и борбата против криминалот во животната средина, као дел од повеќегодишната програма на ECENA мрежата 2007-2010 година.
Учесниците на програмата за размена се инспектори и пишувачи на дозволи од ECENA мрежата, експерти и практиционери од IMPEL членките, меѓународни експерти и претставници на подкомитетот на ИНТЕРПОЛ за Криминал во животната средина.
ECENA е неформална мрежа и главната задача на истата е да ги поддржува членките во зајакнувањето и прифатливоста на животната средина во линија на целосно спроведување на легислативата за животна средина во пракса, а во согласност со обврските превземени од препристапниот процес кон ЕУ.