Утринава требаше да се пристапи кон рушење на Мостот на желбите, но тоа е одложено до крајот на сезоната се со цел да се избегнат несакани работи, велат од општинскиот инспекторат.
– Мештаните и концесионерите во разговор со надлежните во локалната самоуправа беа известени дека треба да се изнајде техничко решение во најкраток можен рок за да се подобри безбедноста на мостот до крајот на сезоната. Остануваме на ставот дека решението за уривање на мостот кој е дивоградба и каде движењето е опасно мора да се отстрани.-изјави Никола Милески од општинскиот инспекторат.
Од општинскиот инспекторат информираат дека во финална подготовка е проектот на министерството за транспорт и врски кој ќе се реализира во соработка со Секторот за урбанизам за изградба на пешачка патека од Лабино до градското пристаниште.Кога ќе почне реализацијата на проектот засега не се открива.
OhridNews