Од МВР информираат дека во текот на изминатиот период, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 11 решенија против 11 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето. Притоа, на девет вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на еден вработен, мерка – „распоредување“ и на еден вработен, мерка – “отказ“.
Санкции се одредени и за виш инспектор за економски криминалитет во НК за КР Струга, СВР Охрид, на кого изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец бидејќи без одобрение на непосреден старешина го напуштил работното место и заминал во странство.
На полицаец за БПСПО за БПС Дебар, СВР Охрид, изречена му е мерка „отказ“, бидејќи неоправдано изостанал од работа три последователни работни дена.
OhridNews