Во местото Дарвин, Австралија еден сообраќаен инспектор му напишал казна за паркирање на едно куче. Кучето било врзано за оградата пред една продавница додека неговата сопственичка била да купува во истата.


Еден од сведоците изјавил дека му пришле два инспектори, а едниот од нив му напишал казна која ја оставил на ланецот од кучето. Полицискиот портпарол изјавил дека се смета оти кучето нема сопственик доколку истиот не е присутен во моментот. Рекол дека не можете едноставно да го врзете кучето и да го оставите.