Екипите на Кадмо и Инсомнија ќе играат во финалето од 38. издание на турнирот во мал фудбал “Петровден 2012“. Кадмо во полуфиналето беше подобар од Спорт Лајф по изведувањето на пеналите со 3-1, откако мечот во регуларниот тек заврши 2-2. Ристовскии и Ецкоски погодија за “белите“, додека за црвените прецизни беа Тодоровски и Чашитоски.


Толески Гоце, Толески Александар и Трифуноски беа прецизни за Кадмо, додека единествено Фармак ја погоди мрежата на Секуловски кај Спорт Лајф.

 


Инсомнија до финалето стигна преку Бекче триумфирајќи со 2-1. Милевски Методиј и Милевски Марјан по два пати ја затресоа мрежата на Чипаноски. Почесниот гол за Бекче беше дело на Лолески.


Финалниот меч ќе се одигра в четврток за големиот христијански празник Петровден.

Мх.П.