Како дел од активностите за прослава на 18-тиот роденден, Inside Интернет кафе издаде брошура за заштита на младите на интернет „Сурфај безбедно“.
Интернетот е место кое нуди безброј информации, знаења и забавни содржини, како за децата и тинејџерите, така и за возрасните. Сепак, бројни потенцијални опасности и ризици за приватност и безбедност на неговите корисници реално постојат, особено за приватноста и безбедноста на децата и тинејџерите и нивните семејства. Децата се особено подложни поради нивната детска отвореност, наивност и неискуство, но и возрасните бидејќи за голем дел од нив интернетот претставува сосема нов и непознат медиум. Затоа, познавање на некои основни правила за внимателно однесување на интернет секому можат да бидат од корист и да му помогнат да се заштити себеси, но и своите најблиски, велат од Inside Интернет кафе.
На пригоден настан што ќе се одржи денеска на пладне брошури за безбедно сурфање и користење на интернет во интернет кафе INSIDE воТЦ Амам ќе добијат ученици од охридските училишта.
OhridNews