На денот на пролетта компанијата INSIDE AUTO го отвори новиот продажен салон за светски познатиот бренд HYUNDAI.


новиот продажен салон на INSIDE AUTO

INSIDE AUTO од Охрид, ќе биде овластен дистрибутер на Hyundai  возилата на територијата Охрид, Струга, Ресен, Кичево и Дебар. Во склоп на новиот салон ќе работи и сервисот на Hyundai, кој ќе биде отворен за еден месец, ни изјави генералниот менаџер и соопственик на салонот, Никола Митрески. Тука ќе можат да се видат најновите  модели на Hyundai, од најновото возило Getz  до атрактиниот Hyundai возило Santa Fe.


Hyundai пристигна во Охрид

   
Продажниот салон е лоциран во Косел, на магистралниот пат Охрид – Битола, во непосредна близина на фабриката ЕМО. Во салонот на INSIDE AUTO ќе можат да се најдат или нарачаат сите модели на светски позната марка автомобили Hyundai. Претежно сите возила се на лагер, а во зависност од желбите на купувачот нарачаните возила ќе бидат достапни за периор од 1-3 месеци, вели Митрески.

Компанијата INSIDE , е позната по телекомуникацискиот бизнис, што успешно го работи од 1999 година. Повеќе сме познати по интернет услугите и интернет телефонијата, а сега од 1.1.2007 дејноста ја проширивме и на авто бизнисот. Моментално имаме 12 вработени, но со отворањето на сервисот,  таа бројка ќе расте, ни изјави Митрески.

На отворањето на продажниот салон на Hyundai, присуствуваа голем број гости, бизнисмени и познати личности од јавниот и општествениот живот во Охрид.

Г. Момироски