Џенаро Гатузо ја фати сламката за спас од отказ во Наполи, откако неговите избраници со минимални 1-0 го совладаа Јувентус, во дерби средбата на „Диего Армандо Марадона“ стадионот.
Победникот во дуелот од 22-та рунда во „калчо“ лигата го реши Лоренцо Инсиње. Капитенот на „азурите“ прецизно биеше од белата точка во 31-та минута од натпреварот. „Старата дама“ пред и после голот доминираше, креирајќи голем број на шанси, но фудбалерите не ја погодија целта и поразот во Неапол беше неизбежен.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 64-та минута и придонесе доволно, колку што треба за Наполи да ја задржи предноста и да забележи значајна победа, во битката за топ 4 на табелата во Серија А.
Вечерва, во рамките од 22-та рунда силите ќе ги одмерат Специја – Милан, а претходно без голови ремизираа Торино и Џенова.
OhridNews