Фудбалерот на Наполи, Лоренце Инсиње се чувствува предадено од поранешниот тренер Маурицио Сари, кој после само една сезона во Челси се врати во Италија и го презеде кормилото на Јувентус. Сари пред преселбата во Англија го водеше Наполи и водеше жестотка битка со Јувентус на сите полиња и затоа фудбалерите предводени од Инсиње се осеќаат изневерено.
- Еднаш веќе реков а немам проблем повторно. Тој не предаде! Така ќе биде секогаш. – изјави капитенот на „азурите“ Инсиње.
Во пресрет на новата сезона тој изјави дека имаат посебни мотиви за борба и надигрување со Јувентус.
- Сега мораме да се фокусираме на себе и работиме напорно за што подобра физичка подготвеност. По секоја цена мора да победуваме и да направиме нешто големо. Титулата е нашата цел и не сакам да разговарам повеќе за нешто друго. – додаде Инсиње.
Новата сезона во Серија А започнува на средината од август месец, а распоредот дополнитено ќе биде објавен.
OhridNews