На нешто повеќе од три недели до почетокот на второто издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, организаторите ќе започнат иновативна видео кампања како никој настан до сега во Охрид и Македонија.
Во аматерските видеа се појавуваат минатогодишнит победник на 10 километри, тим билдинг трката и луѓе од различни професии.
Во најскоро време организаторите ќе ја објавата целата програма на настанот, кој минатата година го раздвижи Охрид.
Пријавувањето за учество на Охрид трчаТ е во тек и може да се направи на официјалната страна ohridtrcat.mk најкасно до 28 мај.
OhridNews