Иницијативата за утврдуање најниска плата за вработените во општинската администрација и јавните општински претпријатија, Советот на општина Охрид ќе ја разгледа на 52-та седница што ќе се одржи во петок 14.03.2008 година. Како што е познато Советничката група на СДСМ неодамна предложи најниската плата на вработените во градските служби да биде 8.100 денари.

Инаку Советот на општина Охрид на седницата во петок ќе расправа по вкупно 22 точки. Советот ќе ја разгледа  предлог Одлуката за усвојување на Годишниот извештај и Завршната сметка на Буџетот на општина Охрид за 2007 година, а ќе расправа и по Извештајот за остварените резултати од работењето на   ЈП „  Охридски Комуналец, како и по Завршната сметка – на МЈП „Проаква“.

На седницата се очекува да биде  усвоен Извештајот  за работа  и активностите на Општинскиот совет   за безбедност  на сообраќајот  на патиштата  за 2007  и Програмата за работа во 2008 година на Општинскиот совет за безбедност  на сообраќајот на патиштата –Охрид.На дневен ред ќе биде и  Предлог  одлуката за усвојување на  Стратегијата за одржлив локален економски развој на општина Охрид и предлог Одлуката за давање согласност на Одлуката за давање на гаранција за одложено плаќање на даночен долг.

На седницата  ќе бидат разгледани и извештаите за  финасиското работење на училиштата и детските градинки.

ohridnews