ВМРО – Народна партија ОК Охрид денеска и официјално покрена иницијатива за именување на источно транзитната заобиколница (Бејбунар) по името на првиот министер за внатрешни работи на независна Република Македонија Јордан Мијалков.

-Тоа е човек кој учествуваше во формирањето на безбедносните сили на Република Македонија, истакна претседателот на ОК ВМРО- НП, Ванчо Костоски, образложувајќи ја иницијативата.


Советничката група на ВМРО-НП оваа иницијатива ќе ја достави до советот на општина Охрид и градоначалникот на првата наредна седница, истакна кординаторот на советничката група на  ВМРО- НП, Јоне Станковски.

– Се надеваме дека ке добиеме поддршка од  сите политички субјекти застапени во советот на општина Охрид, додаде Станковски.

Исто така ВМРО- НП Охрид поднесе иницијатива до Општина Дебрца за обновување на спомен обележјето на војвода Тома Давидов кој како што рече претседателот на ВМРО НП Костоски, „погина во март 1903 година непосредно пред илинденското востание во одбрана на македонското население во Дебрца против османлиската власт“.

Ohridnews