Во организација на иницијативата „Збогум Буково“ под мотото „Без здравје сѐ е ништо! Збогум Буково“, во сабота од 12 часот ќе се одржи средба и дискусии за неопходноста од итно затворање на депониите „Буково“ и „Мауцкер“.
Ќе имаме можност да се дружиме, запознаеме, консултираме, ислушаме, согласиме, да не се согласиме па да дискутираме за потребата итно да се интервенира за соодветно затворање на Буково и Мауцкер сите заедно како заедница. Сите Охриѓани и граѓани од околината, во сабота на градскиот плоштад во Охрид ќе добиете можност да се информирате за штетните ефекти на дивите, нестандардни депонии врз нашето здравје, што значи постоењето на стандардна депонија и ќе може, доколку сакате, официјално да дадете поддршка на иницијативата „Збогум Буково“ којашто досега е поддржана од над 50 организации, месни заедници и голем број на граѓани, потенцираат.
Велат ова е нашиот дом, овде нашите деца постојат, овде ние имаме најмногу право да бараме здрава животна средина, овде и секаде, без здравје, сѐ е ништо!
Настанот на градскиот плоштад ќе трае до 14 часот.
OhridNews