Во знак на почит кон охридски културен и просветен работник Методија Бараковски-Менде, градоначалникот Кирил Пецаков поднесе иницијатива до Советот на Општина Охрид Домот на културата во Урбана заедница „Кошишта“ да го носи неговото име.
Предлог одлуката за новиот назив на културниот објект кој е во сопственост на Општина Охрид е доставена како дополнување на дневниот ред на 52 рата седница на Советот на Општина Охрид, која ќе се одржи утре. Ги повикувам советниците да гласаат за усвојување на оваа тточк# објави вечерва на Фејсбук градоначалникот Пецаков.
Професорот по виолина Методија Бараковски – Менде и долгогодишен раководител на КУД „Ѓердан“ и хорот „Распеано ѓерданче“, почина минатата седмица во 82-та година од животот. Бараковски беше еден од најистакнатите дејци од културниот и музичкиот живот во Охрид. Целиот свој работен век тој го посвети на најмладите таленти во нашиот град.
Охриѓани секогаш ќе се сеќаваат и ќе го почитуваат неговиот придонес во зачувување на македонската традиција и културните вредности, истакнува Пецаков.
Г.М.