Иницијативата на светските фудбалери вроди со плод и потрагата по исчезнатиот авион „Пајпер Малибу“ во кој се наоѓаа фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон ќе продолжи.
На социјалните мрежи иницијативата ја започнаа Лионел Меси и Серхио Агуеро но конкретен чекор презеде Н`голо Канте кој шест месеци ја делеше соблекувалната со фудбалерот во тимот на Каен. Речиси сите фудбалери донираа одредени финансиски средства да се покрене приватна потрага, откако британските власти и спасувачките екипи во четврток после тридневно барање ја прекинаа со давање на мали шанси исчезнатите лица да преживеат.
Сала и пилотот под мистериозни околоности исчезнаа во понеделникот вечерта при враќање за Кардиф. Од тогаш им се губи секаква трага но надежта кај фамилиите и светските фудбалери не е загубена и веруваат во чудо.
28-годишниот фудбалер минатиот петок го комплетираше трансферот во Кардиф од Нант во висина од 17 милиони евра и стана најскапиот играч во историјата на клубот. Кардиф во случај на црно сценарио кој никој не го посакува нема да добие оштета од трансферот, бидејќи фудбалерот не бил осигуран од несреќа.
OhridNews