Претставници на Општина Чајџума, од Црноморската провинција Зонгулдак во Турција денеска беа во посета на Општина Струга.
На средбата со градоначалникот Рамиз Мерко било разговарано за збратимување на двете општини.
Пријателите од Турција изразија желба за збратимување на нашите општини. Тие посочија дека Струга, како туристички и атрактивен град може да биде добар пример за развој на туризмот во градот Чајџума и обратно. Соработката меѓу приватниот сектор веќе постои, со надеж дека дополнително ќе се зајакне во иднина, информира Општина Струга.
Градоначалникот Мерко истакнал дека новите партнерства отвораат нови врати и затоа секогаш е подготвен за соработка.
OhridNews