Еколошкото движење Охрид ЅОЅ поднесе Иницијатива за прогласување на ресторанот-дискотека „Парк“,, награденото архитектонско дело на охриѓанецот Павел Балабанов за споменик на културата.

Иницијативата е доставена до Управата за заштита на културното наследство и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, Националната канцеларија за УНЕСКО, Министерството за култура, Канцеларијата на претседателот на владата и Асоцијацијата на архитекти на Македонија, а беше поттикната од неодамна објавениот план за негово рушење и изградба на 4-катен хотел на 50 метри од брегот. – информира Охрид ЅОЅ.

Екологистите посочуваат дека планот за рушење и изградба на нов комерцијален објект со неколкукратно поголем габарит од постојниот, доаѓа во време кога Охридскиот Регион е на праг да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност, што според нив, се должи на на несоодветната и агресивна урбанизација на крајбрежјето.

До разгледувањето и одлуката за иницијативата за прогласување на постоешкиот објекти, екологистите бараат итна привремена заштита на објектот, а на владата и се препорачува да го откупи истиот од моменталните сопственици и да го пренамени, по неговата конзервација, во Музеј на Охридското Езеро и Студенчишко Блато како споменици на природата и Рамсар центар за посетители.

OhridNews