– Задоволни сме од приемот, срдечност и цените во Охрид, но она на што мора да се работи се фудбалските терени како за трениг така и за натпревари – ни рече Пешиќ од Раднички Ниш.
И покрај солидната дренажа на главниот терен кој е изграден во 1978 година, сепак на моменти натпреварите кои се играа повеќе наликуваа на борби во кал, отколку на фудбалски натпревари.
– Свесни сме за ситуацијата на терените и се што е во наша моќ како ЈП “Билјанини Извори“ правиме да им излезме во пресрет на екипите, што подобро подготвени да ја пречекаат сезоната – вели директорот на Јавното претпријатие, Иван Цветкоски.
На почетокот на подготовките санирани беа санитарните јазли, но за нешто покрупно мора да пронајдат инвеститори кои ќе го средат просторот околку Срц “Билјанини Извори“. Сите на големо зборуваат за развојот на спортскиот туризам во Охрид, посебно во овој период од годината но засега никој конкретно да се зафати со реализација на т.н проекти.
Српските екипи како што им доликува на пријателски расположените охриѓани беа испратени во Србија со охридски сувенири и икони за што подобра и бериќетна сезона.