Македонската ателтска репрезентација ги заврши подготовките во Охрид, по што атлетичарите заминуваат во своите клубови, а на крајот на месецов ги очекува првиот настап годинава , минтингот во сала во Софија Бугарија.  


Подобрувањето на инфраструктурата како и стимулацијата на атлетичарите преставуваат најгорливите проблеми во овај спорт. Континуираното вложување би ја вратило “кралицата на спортовите” на своето заслужено место.

Очекувам стадинот во Охрид да им ги отвори вратите на помладите, и  за неколку години работите да започнат да се менуваат на подобро. За тоа потребни се вложувања во инфраструктурата, во опрема. Потребна е најмалку уште една ваква патека кој ќе ни овозможи резултатски да се приближиме, ако не друго барем до нашите соседи. Исто така потребно е финасиски да се стимулираат и сениорите , а не само младите спортисти, бидејќи кога треба да ги постигнуваат најдобрите резултатити, ние ги губиме а,  тие се откажуваат од атлетика – смета селекторот Влатко Димитров.

Тренизи под отворено небо, без соблекувални, без вода и со серија потешкотии се  соочува и клубот “7 мај” од Скопје кој тренираат на “Филип втори” арената.

Тренираме на отворено, нема туширање, нема основони услови, Најдобрите двајца сениори не добиваат никаков надоместок од државата, која тие на секаде во светот ја преставуваат. Многу повеќе внимание се посветува на екипните спортови, додека во атлетика проблемот е тоа што државата треба да се грижи повеќе за малите спортови кои се најголеми амбасадори на Македонија – истакна Ѓорѓи Вучков од 7 мај , кој заедно со Ивана Рожман беше дел од СП во Берлин .

М.П.