В сабота со почеток во 10 часот до 20 часот на градскиот плоштад на експото ќе се подигнуваат стартните пакети без кои не ќе може да се учествува на второто издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“.
Подигнувањето не мора да биде лично, но мора да се носи потврдата за уплата и не смее да се заменуваат стартните пакети и да се носи друг број. Организираторот на настанот покрај потребниот стартен пакет обезбеди маичка и продукти од спонзорите.
Напомена, стартниот број треба да биде на видливо место на телото за да може да се користи услугата за сликите после трката #Pic2Go за која прво ќе треба да се регистирате.
OhridNews