Од денеска, билети за двомечот на Охрид против холандскиот Крас Волендам во Купот на ЕХФ ќе има и на билетарата во спортската сала „Билјанини Извори“.

До петок блок билетите и самостојните за еден натпревар ќе бидат на протомотивна цена, додека потоа ќе поскапат за 50 денари.

„Гладијаторите“ двомечот со холандскиот Крас Волендам во Купот на ЕХФ го играат сабота и недела со почеток во 19 часот.

OhridNews