Во рамки на одбележување на „Неделата на грижа на стари лица” (20 -26 ноември), под мотото „Сите сме нивни деца“ Црвен крст Охрид во просториите на Здружението на пензионери на Општините Охрид и Дебрца организираше информативно предавање за правата од социјална и здравствена заштита.
Предавањето го одржаа д-р Јованка Стурлакова Коровешоска од Центарот за јавно здравје и Мира Врангалоска – социјален работник од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа.
Во рамки на предавањето присутните се запознаа и со ризиците и факторите кои доведуваат до појава на дијабет, и на истите им беше овозможено бесплатно мерење на шеќер во крвта од страна на д-р Јованка заедно со волонтери од Црвен крст Охрид, информираат од Црвен крст Охрид.
OhridNews