Информативни туристички мапи ќе бидат поставени на две локации во Охрид  во рамки на кампањата на Министерството за економија за унапредување на туризмот во Македонија.

Покрај во Охрид сити-лајтови ќе бидат поставени и во Струга, Битола, Гевгелија, Тетово и во Штип, како и во Преспа и во Дојран.

Mапите на претставниците на општините, денеска им ги предаде министерот за економија Фатмир Бесими.

– Поставувањето на информативните туристички мапи во овие девет града ќе овозможи туристите лесно да дојдат до потребните информации за едноставно наоѓање на атрактивните туристички места, природни и културни вредности и споменици, одредени хотели и ресторани, спортски објекти, односно до сите места интересни за посетителите, истакна Бесими.

OhridNews