На пошироката јавност утре ќе и биде презентирана едукативно-рекреативната патека “Запознајте ја Галичица”, а задутре започнува Конференцијата “Предизвици и перспективи во заштитата на националните паркови”.
Се очекува на конференцијата да присуствуваат и амбасадорите на Германија, Италија и Франција во Република Македонија, како и министерот за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи.
Овие активности се во рамките на одбележувањето на 5-децениското постоење на Националниот парк “Галичица”.