Над 150 претствници од најголемите IT-компании во Југоисточна Европа, ќе земат учество на конференцијата за информатичка технологија, што денеска започнува во Охрид.

На тридневниот собир, што го организираат Стопанската комора  за информатички и комуникациски технологии МАСИТ и УСАИД, ќе стане збор за најновите информатички достигнувања и развојот на IT- технологијата.

МАСИТ по шести пат ја организира оваа конференција, која претставува собир на сите асоцијации за информатичка и комуникациска технологија од регионот на Југоисточна Европа, на кој се разгледуваат постигнувањата, стратегиските правци на развојот и активностите во оваа исклучително развојна и инвестициски поттикнувачка дејност.

Ohridnews