На 30 август, по четврти пат низ градските улици во Охрид ќе се одржи Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“. Организаторите упатуваат апел до сите граѓани, жители на улиците, дистрибутери, туристичките работници, гости, такси компании, за почитување на времениот режим на сообраќај.

Охрид е Охрид трчаТ и Охрид трчаТ е Охрид, со таа визија Ве повикуваме сите заедно да покажеме почит и разбирање кон сите оние кои и во вакви услови одлучиле да дојдат, да трчаат и да уживаат во убавините на Охрид. – велат организаторите.

Тие се заблагодаруваат на сите за разбирањето и повикуваат за почитување на насоките на редарите, судиите, волонтерите, сообраќајната полиција и сигнализацијата.

Атлетската манифестација е в недела претпладне.

OhridNews