Фондот за здравствено осигрување на Македонија ги промовираше новините во договорите кои со стоматолозите ќе се склучуваат за 2009 година.

Во гласилото на стоматолошката комора “Инфо“ истакнатите се промените со кои се предвидува:

–    Воведување на современи поквалитетни материјали, лекови и ампуларна терапија. Стоматолозите ќе може да пропишуваат поголема група на лекови од Примарната листа. Новитет е и тоа што старите амалгами се заменуваат со нови, поквалитетни и светски прифатени пломби на товар на ФЗОМ.

–    Намален е рокот на исплатата на капитацијата од 90 на 60 дена.

–    Освен казната “раскинување на договорот“ како мерка се воведува и опомената,а двостепените договорни казни се ревидирани и проементи.

–    Нема да има измени за стоматолошката здравствена заштита на децата кои понатаму остануваат  на примарно стоматолошко ниво.

–    Висината на капитацијата останува иста. Преговорите за висината на капитацијата и понатаму продолжуваат и тоа на трилатерално ниво меѓу ФЗОМ, Министерството за здравство и Стоматолошката комора.

ohridnews