Индексот на трошоци на живот, како клучен показател за движењето на инфлацијата, во ноември во Македонија се зголемил за 2,9 отсто во споредба со истиот месец лани.

Овој податок го обајави Државниот завод за статистика, додавајќи дека истовремено индексот на цените на мало пораснал за 3,4 отсто.

Мерено на месечно ниво, индексот на цените на мало во ноември, се зголемил за 0,3 отсто, додека индексот на трошоците на животот пораснал за 0,4 отсто.

Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство, пресметана врз основа на цените на мало, во ноември изнесувала 12.212 денари и во однос на претходниот месец е повисока за 0,9 отсто.   

 
Порастот на трошоците на живот е резултат на поскапувањето на зеленчукот, јајцата, преработките од месо, рибата, мастите, свежото и киселото млеко и безалкохолните пијалаци.Покачување на цените е регистрирано и кај комунално-станбените услуги, козметичките производи, средствата за хигиена, нафтените деривати, услугите за образование, садовите и приборот за домаќинството.

OhridNews