Цената на месо од стаорци во Камбоџа се зголемила за четири пати оваа година, откако инфлацијата, другите видови на месо ги направила недостапни за сиромашните луѓе. Килограм месо од стаорец чини околу 5.000 реили, а лани можело да се купи за 1.200 реили.
Зачинетото печено месо од стаорец со лук, станало многу популарно откако килограм говедско скокнало на 20.000 реили. Тамошните власти велат дека стаорците бегаат од поплавената делта на Меконг, па на селаните не им е тешко да ги ловат.