Од денес меѓу богатиот книжен фонд на охридската библиотека, се наоѓа и светски познатиот хит, „Инферно“ од Ден Браун.
Покрај оваа книга, библиотеката од неодамна нуди многу нови наслови. Членовите на библиотеката може да ги изнајмат и книгите: „Момчето во пижами на риги“ од Џон Бојн, „Роза за балерината“ од Лурин Мек Даниел, „Рајот може да почека“ од Кели Тејлор, „Гостинот на папата“ од Владимир Волков, „Невеста во Борџии“ од Џин Калогридис, „Ракописот од Арка“ и „Вештицата од Портобело“ од Пауло Коелјо, „Девојката од Рускиот кварт“ и „Пламен од истокот“ од Кејт Фарнивал, „Господар на играта“ од Сидни Шелдон, „Обвинителката во лов“ од Карла дел Понте“ и многу други наслови.
Книгите се набавени во рамки на проектот „Збогатување на книжниот фонд“ одобрен и финансиран од Министерството за култура на Р. Македонија.
OhridNews