Повеќе од една година на Инфективното одделение при Општата болница во Охрид нема вакцини против беснило. Поради тоа неретко се случува граѓаните кои ги каснало куче од регионалниот центар да се упатуваат на Инфективната клиника во Скопје каде ја примаат неопходната вакцина

Сме регирале до аптеките, тие до министерството, не знаеме која е причината што ги нема и не можеме да ги набавиме вакцините против беснило, ни иајви д-р Лидија Љаткоска -началлник на Инфективното одделение при општтата болница во Охрид.

Се случува во регионалниот центар да дојде пациент и од Дебар а ние да го препратиме во Скопје, а ако ја имаме таа вакцина ќе го заштитиме, објаснува д-р Љаткоска. Со тоа, вели таа, пациентите се изложени на дополнителен ризик.

На Инфективното одделение месечно се случува да се јават и по 4 пациенти нападнати од куче скитник. Последниот случај беше регистриран вчера во Струга каде куче скитник нападна дванаесетгодишно девојче, кое за среќа минало само со помали повреди.

Г.М.