Охридските ракометари во драматичен и неизвесен натпревар го совладаа составот на Радовиш 27-26 (13-13) во четвртата рунда од шампионатот.

Охриѓани во дерби средбата со Радовиш си поиграа со нервите на сите присутни во „Билјанини Извори“, но, на крајот беа поздравени со громогласен аплауз за инфаркт победата.

Првите триесет минути иако завршија 13-13 им припаднаа на гостите кои без никаков респект им се спротивставија на домашните ракометари.

Во вториот дел „сините“ заиграа поангажирано во нападот, но и во одбраната, која со непробојноста во последните минути од мечот на Охрид му донесе триумф, втор во новата сезона.

Со оваа победа „гладијаторите“ стигнаа до седмиот бод сезонава додека гостинските ракометари останаа на шесте кои ги имаа пред да допатуваат во Охрид.

Мх.П.