Во ноедамна типично машката бранша на спортско новинарство успешно се пробиваат се повеќе жени. На радост на мажите една од нив е и Инес Саинз. Веќе десет години јавноста ја следи кариерата на оваа спортска новинарка од Мексико. Досега направила повеќе од 150 интервјуа со најдобрите светски спортисти и секогаш ги следи најголемите спортски настани, меѓу кои и последниве две светски првенства во фудбал.

Но, не е само тоа причината поради која има 822 илјади следбеници на Твитер. Тамошните медиуми ја прогласиле за најсекси новинарка на Светското првенство, и доколку ги погледнеме нејзините фотографии можеме да се согласиме. Освен што во претстојниве денови внимание ќе плени со својот заносен изглед, Инес ќе направи интервјуа со Кристијано Роналдо, Диего Годин, Жерар Пике, Дани Алвес, славниот Пеле и многу други.