По убедливите победи минатото коло над Чоки Преспа (12-1) и Маврово (7-1), охридскиот футсал тим во натпреварите од Хедис А1 лигата мораше да се задоволи со реми 3-3 против Марфил.

Охриѓани не успеаа да ја искористат предноста од домашниот терен, но затоа пак на две кола пред крајот го осигруаа местото во разигрувањето за титулата.

Во наредното коло “Инекс“ е слободен, а во последното коло во директната пресметка со Цермат ќе се бори за првото место во групата.

М.П.