До крајот на нареднава недела ќе биде објавен тендерот за закуп на просторот на веќе постоечката, а неискористена  индустриска зона во Струга, најавија струшката Локална самоуправа. Од таму објаснуваат дека станува збор  за површина од 25 хектари, односно 50 маркици за градба, кои се  со површина од 2.000 до 7.000 метри квадратни.

-Со оваа индустриска зона им даваме можност на многу бизнисмени да изградат добри индустриски објекти. Од индустриската зона најмногу корист ќе има општината бидејки со новиот Закон од продажба на градежното земјиште 80 проценти од средствата ќе бидат за општината, а 20 отсто за државата, велат од Општина Струга.

Индустриската зона ќе биде дел од веќе постоечката, која се наоѓа од излезот на градот до селото Теферич.

OhridNews