Охридските екипи освоија две сребрени одличја и еден бронзен медал на завршниот турнир од Детската фудбалска лига кој се одигра во Скопје.
Два медали со сребрен сјај освои тимот на Фер Плеј во генерациите 2005 и 2007. Фер Плеј во двата мечеви за златен медал претрпе пораз од Вардар со идентични 4-0.
Со бронзен медал се закити екипата на Ла Масија во генарацијата 2009, а големо индивудално признание освои Дејан Спасески кој со 10 голови беше најдобар стрелец.
Фер Плеј во генерациајта 2004 претрпе пораз од Шкендија во 1/4 финалето, додека Фљамуртари во генерацијата 2008 заврши на четвртата позиција.
OhridNews