Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција информира дека спортистите можат да започнат со индивидуални тренинзи на отворено.

Според него доколку епидемиолошката слика биде онаква каква што очекуваат надлежните тогаш од наредната недела би требало да започнат и тимските тренинзи на отворено.

Ова значи дека фудбалската сезона во земјава ќе продолжи, кога тоа би можело да се случи ќе треба да договорат Фудбалската федерација на Македонија и клубовите. Во последната недела од овој месец би требало да бидат дозволени и тренинзи во салите.

OhridNews