Индиските пилоти често паѓаат на тестовите за конзумирање алкохол
Секоја година околу 50 инДиски пилоти добиваат забрана за управување со авион откако ќе се утврди дека пред летот конзумирале алкохол, известиле претставници од државното цивилно воздухопловство.
Генералниот директор на индиското цивилно воздухопловство, известил дека секоја година во рутински лекарски тестирања се открива дека 50 пилоти конзумираат алкохол пред летот.
Индискиот авио пазар е еден од оние кои најбрзо се развиваат, со десетици нови авиокомпании кои меѓусебно се натпреваруваат за придобивање на што поголем број на патници, и поради тоа пилотите се присилени на многу кратки одмори помеѓу два лета.
Во земјата моментално има околу 5.000 пилоти обучени за комерцијални летови, а уште 2.500 се школуваат за пилоти на тие летови. Во склоп со строгите правила за комерцијалните летови, пилотите и останатите членови на посадата не смеат да конзумираат алкохол 12 часа пред полетувањето.