Овие организми спаѓаат во групата на таканаречени екстремофили кои можат да преживеат УВ-зрачење како и во зовриена вода. Научниците изјавија дека наведените микроорганизми се пронајдени на 40 километри над Земјината површина.
Биле пронајдени три нови видови на организми кои многу се разликуваат од сите останати кои се досега пријавени во научната литература. Примероци на овие организми биле пронајдени кога биле собирани примероци од воздухот од повисоките делови на атмосферата. Примероците се земени помеѓу 20 и 41,4 километри надморска височина.
Научниците изразија чудење како можат да преживеат на толку голема надморска височина, каде што има многу ниска концетрација на кислород.