И покрај најавата дека бизнисменот Субрата Рој може да биде пуштен од притвор, индискиот Врховен суд одлучи да не ја прифати кауцијата на компанијата „Сахара“. Рој е во притвор веќе два месеца, а неговите адвокати предложиле во рок од три дена да уплатат околу 415 милиони долари, а уште 2.500 крори или 415 милиони долари, како и банкарска гаранција за преостанатите 5.000 крори или околу 830 милиони долари да бидат исплатени во рок од 60 дена.
Како што пишуваат индиските медиуми, судиите вчера донеле одлука да не го прифатат предлогот на адвокатите на Рој за исплата на бараната кауција на три рати и побарале поповолен план за исплата на долгот.
Рој и двајца негови директори се во притвор во индискиот затвор „Тихар“, од крајот на февруари. Со најновата одлука, тие остануваат во притвор се’ додека нивните бранители не дадат некој ревидиран предлог, со кој парите ќе се вратат на инвеститорите, по што тој и директорите би биле ослободени.
OhridNews
извор Утрински весник