Индиецот Јоти Рај (22) е конкуренција на познатиот француски спајдермен, Алан Роберт, кој се качува по облакодери низ целиот свет. Јоти ужива висејќи по ѕидовите без заштитна опрема. Својата способност ја открил пред четири години качувајќи се на бамбусово скеле.


Сега секоја седмица се качува на локалната тврдина во Читрадурга за да ги забавува туристите. Вели дека воопшто не се плаши да виси на височина од 90 метри без заштитна опрема. Се надева дека еден ден ќе основа сопствено училиште за качување.