Претставници на инвестициски фондови и компании од Индија, денеска имаа средба со заменик градоначалникот Ангел Јанев и раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој Ѓоко Апостолов, на која пројавија интерес за инвестирање во Охрид.

По презентирањето на можностите на Охрид, гостите од Индија особен интерес покажаа за инвестирање во областа на туризмот, особено здраствениот, градежништвото и незагадувачката  индустрија. На средбата  гостите изразија задоволство од погодните услови за инвестирање, близината на аеродромот и пристаништата во Солун и Драч, како и најавите за подобрување на патната инфраструктура.

OhridNews